Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово e пример како се градат меѓуетничките односи во регионот, и затоа тој тренд не смее да запре, туку треба да се негува и проширува, беше заклучено на конференцијата што денска ја организираше Центарот за меѓукултурен дијалог.
На Конференцијата присуствуваа претставниците од работните групи, кои ја презентираа досегашната работа во областа на: култура, образование на млади и спорт, вработување и социјални прашања и религија. На присутните им се обрати и претседателот на Советот Виктор Цветковски, кој потенцираше дека Куманово не случајно е дел од овој проект, бидејќи претставува пример како се градат меѓуетничките односи во регионот.
Во многу тешки моменти за Општината и државата, овој град знаел да се спротивстви на предизвиците и да излезе победник од сите овие непријатни настани. Како Општина треба да се горедееме и на последната одлука на Советот за воведување на српскиот и ромскиот јазик во службена употреба. Ние ќе продолжиме во таа насока, да ги јакнеме капацитетите со кои располагаме не само институционално, туку и на пониско ниво помеѓу граѓаните, бидејќи заеднички, независно од етничката припадност ги делиме добрите и лоши страни на животот во Општината - рече Цветковски.
Конференција на тема „Активно граѓанство за меѓуетничка соработка„ е дел од проектот подржан од УНДП во рамки на заедничката програма на ОН “Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и соработка помеѓу заедниците”.
Конференцијата има за цел да направи промоција на досегашната работа на работните групи, составени од претставници од Советници од општина Куманово, Комисија за односи меѓу заедниците и претставници на невладиниот сектор. Цел на работните групи е да се направи умрежување на различни чинители на локално ниво и потикнување на нивната заедничка идентификација на потреби, проблеми од меѓуетнички аспект на ниво на Куманово- рече Линдита Реџепи, координатор на проектот.