×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово доби сувенирница

    04.11.2024 14:32 | Оливера Пешевска

    Денеска започна со работа првата сувенирница во Куманово, која се наоѓа во Занаетчискиот дом.

    Куманово доби сувенирница

    Во понудата се сувенири изработени од локални произведувачи како бакрорези, филиграни, грнчарија, но и магнети посветени на Куманово, на кои може да се види Соборниот храм Свети Никола, Градската џамија и други препознатливи белези на градот.

    Сувенирницата и канцеларијата на Регионалната занаетчиска комора ги обезбеди Општина Куманово, откако со години наназад занаетчиите и граѓаните бараа ваков простор.

    „Токму во Занаетчискиот дом локалните занаетчии ќе добијат една нова сувенирница каде што им е местото. Со денешното отворање на првата сувенирница во градот ќе се заштити традицијата и културата, но и граѓаните и сите гости на Куманово ќе имаат каде да купат автентичен производ и сувенир од нашиот град. Со тоа нашата култура и традиција ќе се шири и подалеку од овие простори. Како локална самоуправа планираме да отвориме дискусија во рамките на ЗЕЛС  каде би поразговарале во делот на измени на законските нормативи во државата, каде би можеле да дадеме поголемо значење на занетчиите, тие се основната нишка за развој на стопанството. Современата индустријализација води во друга насока, но без постоење на занаетчиството не би постоела“, кажа градоначалникот Максим Димитриевски.

    Деловниот простор е издаден без паричен надомест, комората има обврска навреме да ги подмирува режиските трошоци. Истовремено, стариот и запуштен дуќан е целосно реновиран и даден му е комплетно нов лик.

    Ова е прв продажен простор од ваков тип во државата, планот е проектот да се имплементира и во останатите градови, каде ќе се изложуваат предмети карактеристични за одреден регион.

    „Изложени се автентични производи од нашата култура и традиција, без оглед за кои занаетчии се работи и колку придонесуваат за заедницата. И субвенционирањето на стари занаети и вакви слични сувенирници ќе имплементираме и на национално ниво, во секој град преку регионалните комори. Старите занаети освен што ни ја чуваат традицијата и културата, ни го зачувуваат и идентитетот“, истакна Агрон Фезлији, претседател на Занаетчиската комора на Македонија.

    Како претставник на Владата присутен беше и заменик министерот за економија Марјан Ристески, кој потенцираше дека ќе продолжат со поддршка на вакви мали бизниси, кои многу значат за градовите и општините во државата, но и за развојот на туризмот. Преку активните програми за поддршка на занаетчиите во тековната 2024 се идвоени 6,5 милиони денари, но одредени се и 130 илјади евра на коморите, невладините организации и фондации.

    Отворањето на сувенирницата е во рамките на Саемот за мали стопанства во организација на Регионалната занаетчиска комора и Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија. Саемот се одржуваше во салата на Занаетчискиот дом, а излагачи беа десетина индивидуални занаетчии, од кои дел го продолжуваат традиционалниот начин на изработка на одредени предмети, но беа изложени и предмети и презентирани услуги по барања на современиот начин на живот. На дел од нив им беа доделени и субвенции, во висина од 15 илјади денари за поддршка и развој на нивните дејности, средства обезбедени преку телото за Локален економски равој, а беа врачени и благодарници на заслужни занаетчии и поединци.

    На семот беше амбасадорот на Словенија Грегор Прескер и извршниот директор на занаетчиската комора Јелена Спасова.