Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Трајан Димковски од Куманово, кој досега беше шеф на кабинет на Љупчо Николовски, ќе биде новиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Премиерот Зоран Заев денеска ги објави имињата на новите министри кои се опфатени со реконструкцијата на Владата.
Насер Нуредини ќе биде нов министер за животна средина, а Садула Дураки ќе биде на чело на новото министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.Нов министер за локална самоуправа е Горан Милевски од ЛДП, а за култура Хусни Исмаили.
Разрешени се и вицепремиерот за спроведување на рамковниот договор Хазби Лика и министерот без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима Зоран Шапуриќ.
Списокот со новите министри денеска ќе биде доставен до Собранието, по што се очекува предлогот да биде ставен на усвојување на собраниска седница во текот на следната недела.
Димковски ќе биде третиот кумановец во Владата на премиерот Заев, по министерот за внaтрешни работи Оливер Спасовски и министерот за образование Арбр Адеми.
И заменик министерот за земјоделие е кумановец, Благе Цветковиќ од Српската странка.