×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово-гас“ следната година ќе ги зголеми приходите

    24.12.2015 14:44 | KumanovoNews

    Јавното претпријатије „Куманово-гас“ во 2016 година согласно програмата за работа која денеска беше изгласана на Советот, планира да ги намали расходите и да ги зголеми приходите.

    „Куманово-гас“ следната година ќе ги зголеми приходите

    Се разгледуваше и извештајот за работа од 1 јули до крајот на септември годинава. Советниците од ВМРО-ДПМНЕ ја критикуваа работата на „Куманово-гас“ и прашаа кога ова претпријатије ќе почне да остварува приход за да ги покрива платите на вработените. Тие не се задоволни од темпото со кое претпријатијето работи и напредува.

    Не ми остават впечаток дека е дораснато финансиски. Сето ова што се случува во претпријатијето трае предолго. Би сакал сите да му дадеме поддршка и еднаш да излезе од инвестиции и само да си го вади лебот - изјави Мирослав Стојановски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

    Директорот Драган Петровски одговори дека покрај јавни установи, училишта, два верски објекти, имаат и 30 индивидуални приклучоци и од нив имаат 197.000 денари приход.

    Приходите би биле поголеми, но имаме донесено одлука да плаќаат граѓаните на 12 рати без камата. Расходите се 1.876.950 денари. Ние во континуитет се трудиме да ги намалиме овие расходи, но тоа се тековни трошоци, ние мора да направиме трошок за да оствариме приход. По основ на репрезентации, гориво, енергетика ги имаме намалено трошоците - кажа директорот.

    Петровски кажа дека за 2016 година планираат да остварат приходи околу 23 милиони денари, а  расходите неколку пати ќе бидат помали.

    Советниците ја изгласаа програмата за работа за 2016 година и тримесечниот извештај, а воедно дадоа поддршка главнината на ова претпријатије да биде 15.600.000 денари.