Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Македонскиот народ го слави 11 Октомври - Денот на народното востание во Македонија.
Денеска се навршуваат 72 години од почетокот на антифашистичкото востание и почетокот на НОБ. На 11 октомври 1941 година борците од Кумановскиот и прилепскиот одред ја започнале борбата против германскиот и бугарскиот окупатор и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна.
За време на окупацијата на Македонија интернирани се 58.000 луѓе, имало злосторства врз цивилно населние, и се предизвикани економски штети од страна на окупаторот.
Со востанието против фашизмот започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е особено важно за самобитност и самостојност на македонскиот народ.
Куманово како град првоборец денеска ќе го одбележи празникот со низа манифестации.