Куманово го слави Денот на македонската револуционерната борба
23.10.2014 09:36
| KumanovoNews
Денеска се слави Денот на македонската револуционерна борба, 23 Oктомври, ден кога пред точно 121 години во Солун е основана Внатрешната Македонска Револуционерна Организација.

Основоположниците биле: Д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Aрсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев. Тие основаат конспиративна група, нарекувајќи ја Македонски револуционерен комитет.
Според историјата, формирањето на ВМРО означува почеток на организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и НОВ носи до создавање на самостојната македонска држава.