×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово и Бања Лука потпишаа меморандум за соработка

    10.11.2012 14:25 | KumanovoNews

      Збратимените градови Куманово и Бања Лука, во наредниот период ќе ја интензивираат соработката на економско, културно и спортско поле.

    Куманово и Бања Лука потпишаа меморандум за соработка

    Тоа беше договорено на денешното потпишување на меморандумот за соработка помеѓу градоначалниците Зоран Дамјановски и Слободан Гаврановиќ.

    - Нашето пријателство оптпочна пред пет години, како членки на Балканската мрежа на градови. Воспоставивме добра комуникација во многу културни збиднувања помеѓу двата града. Јас сакам да го изразам моето задоволство што новиот градоначалник на Бања Лука, поранешен претседател на Совет, е денеска тука и отпочнуваме една нова ера во однос на соработка со овој значаен центар во центарот на Југоисточна Европа. Бања Лука е центар на едно ново време, мултиетнички центар, кој дава пример за едно граѓанско општество- изјави Дамјановски.

    Гаврановиќ се надева дека овој меморандум ќе донесе долгогодишна и успешна соработака.Тој потсети дека досега имале неколку заеднички средби и можности за соработка во спортот, културата, уметност, а ќе разменуваат искуства и во развојот на локалните самоуправи и економијата.

    - Она по што сме познати и во меѓународни рамки е тоа што имаме сојуз од неколку здруженија, меѓу кои има и здружение на Македонци. Ние правиме сите што живејат во нашиот град да си ја зачуваат културата и традицијата, па така и за македонскиот народ. Има простор и за економска соработка, но локалните самоуправи се ограничени на тој план. Ние немаме свои капацитети во стопанството, но можеме да разменуваме искуства и да дадеме насоки за она што ние веќе сме го одработиле. Да пласираме информации каде има потенцијал и можност за вложувања во одредени региони, како во Куманово така и во Бања Лука- рече Гаврановиќ.