×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово и Ќустендил со поголема бизнис соработка

    14.02.2012 09:35 | KumanovoNews

    Подобрa инфраструктура и поедноставување на административните постапки во опоштините бараат бизнисмените од североисточниот регион и ќустендилската област за да можат да ја подобрат економската соработка.

    Куманово и Ќустендил со поголема бизнис соработка

    Ова беа клучните проблеми кои ги изнесоа бизнисмените од двете држави на прекуграничниот економски форум што мината недела се одржа во Куманово.

    Дел од инфраструктурата треба да се обнови за да може протокот на стоки, на капитал и движење на луѓето да оди побрзо.  Потребно е и поедноставување на документацијата од локалната власт и на централно ниво, што ќе значи полесно да се решаваат работите за да не се губи време. Визните бариери се надминаа но сеуште немаме доволно информации за условите и можностите за развој на бизнис секторот помеѓу двете земји- вели претставникот од регионот на соседна Бугарија.

    Бугарија како членка на Европската Унија има повеќе можности да работи на многу проекти со европско финансирање, а тоа е возможно и за македонскиот бизнис доколку регистрираат фирма во Бугарија или учествува во мешовити компании или здруженија. Со тоа ќе можат  да дојдат до европски пари за да го развијат својот бизнис.

    Целта на ваквите контакти е да се зајакнат институционалните капацитети а стопанствениците да пројават повеќе иницијатива за да може економски да се развие микрорегионот.

    Анализите покажуваат дека нема доволно соработка меѓу двата региони. Само 21 насто од компаниите во Куманово работат со бугарските бизнисмени додека 18 насто од фирмите во Ќустендил оствариле бизнис релација со Македонските партнери и тоа најмногу во секторот туризам и агрокултура.