×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово има многу висококатници, но нема хидраулична корпа за гаснење пожар

    20.05.2020 17:11 | KumanovoNews

    Без специјално возило со хидраулична копра за гаснење пожари во висококатниците и со застарен возен парк, кумановските пожарникари го слават Денот на пожарникарството – 20 Мај.

    Куманово има многу висококатници, но нема хидраулична корпа за гаснење пожар

    За општина со 120 илјади жители и голем број згради над 7 ката, ова е сериозен проблем со кој треба под итно да се позабави локалната и централна власт, бидејќи во услови на пожар доведена во прашање е безбедноста на граѓаните и на пожарникарите.

    „Тоа ни е еден од најголемите приоритети, меѓутоа тоа може само државата да го реши, бидејќи се работи за многу скапи возила за специјална намена. Дека ни е од голема потреба тоа е факт, бидејќи Куманово има многу висококатници и навистина имаме проблем при интервенција во станови повисоки од 4-5 кат, бидејќи еден од проблемите и тоа што ниту една хидрантска мрежа не работи. Сега се обидуваме и тој проблем да го решиме колку е во наша можност за да си ја олесниме работата“, вели Деан Илиевски, командир на Територијалната противпожарна едниница во Куманово.

    Градоначалникот Максим Димитриевски на одбележување на Денот на пожарникарите кажа дека во последната година и половина набавена е лична заштитна опрема за пожарникарите, теренско возила, а во тек е постапката за набавка и доопремување на нова летна униформа за заштита.

    „Морам да потенцирам дека Општина Куманово како најголема општина во државата, за жал сѐ уште не располага со мобилна скала за пристап до висококатниците за да се интеревенира во случај на пожар, поради тоа нашите пожарникари прават доста импровизации и за среќа се успешни во тоа. Противпожарните служби во државата се запоставени со децении и не се опремувани редовно, па како што можете да видите опремата е застарена, но се обидуваме да го поправиме тоа. Се надевам дека државата ќе најде начин и средства за да ги доопреми и да помогне на противпожарните бригади“, изјави градоначалникот Димитриевски.

    Територијалната противпожарна едници во Куманово минатата година имала рекордни 617 интервенции на гаснење пожар или во просек 1,7 на ден.  Од почетокот на годината бројот е помал, интервенирано е на 134 пожари, што е многу помалку во однос на минатата година кога само во март имало 140.

    Пожарната единица има и кадровски и технички проблеми, располага со 48 вработени, 8 цистерни за гаснење пожар и две теренски возила.

    „Како што знаете возилата се застарени, имаме возила од 1978 година, но сите се исправни и спремни за интервенција. Тешко е да се покрие целиот терен затоа што недостасува и кадар, ни фалат и неколку нови возила, меѓутоа што е тука е, ние засега сме ефикасни и добро ја завршуваме својата работа“, додава командирот Илиевски.

    Кумановските пожарникари ја покриваат и Општина Липково, а помагаат и во Старо Нагоричане која има своја единица, но поради ограничените ресурси често бараат помош од колегите од Куманово.