Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По примерот на развиените западно-европски земји и Македонија, и Куманово има потреба од зелени работни места.
“Зелените“ работни места се тесно поврзани со подобрување, заштита и одржување на квалитетот на животната средина.
“Зелени“ работни места се оние со кои се подобрува квалитетот на животната средина и во исто време се обезбедуваат адекватни и достоинствени плати, еднакви можности и патишта за излез од сиромаштија. “Зеленото“ работно место вклучува работа во „зелените“ економски активности односно категории: работа со обновливи извори на енергија и алтернативни горива, енергетска ефикасност и конзервација, мерки против загадувањето, отпадот и управување, спречување, намалување на стакленичките гасови, расчистување и санација на загадената животна средина и друго - наведено е во презентацијата подготвена во презентацијата подготвена од професорот Пеце Недановски.
Минатата недела Хабитат Македонија и УСАИД оддржа презентација во Куманово за “зелените“ работни места и значењето на енергетската ефикасност во сектор домување. Три згради во Куманово веќе се дел од проектот за енергетска ефиаксност кој го реализира општината со Хабитат Македонија и УСАИД.