Мени

Куманово ќе добие два камиони за смет и друга механизација од Владата

03.09.2026 13:24 | KumanovoNews

ЈП „Чистота и зеленило“ ќе добие дел од новата комунална механизација, обезбедена преку донација од Светската банка за Република Македонија, која денеска беше промовирана во Скопје.

Куманово ќе добие два камиони за смет и друга механизација од Владата

Од вкупно 49 возила, Куманово ќе добие 2 камиони за собирање смет,  1 цистерна за вода и 2 метлачки за одржување и метење на уличните површини.

„Оваа современа механизација ќе овозможи поефикасно собирање на отпадот, подобро одржување на улиците и јавните површини и поквалитетни комунални услуги за граѓаните на Куманово. За Куманово ова значи повеќе од нова механизација. Тоа значи подобри услови за работа, поефикасно јавно претпријатие, почисти улици и поквалитетна услуга за секој граѓанин“, објави директорот Сашо Томиќ, кој заедно со претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска присуствуваа на промоцијата на новата опрема.