„Куманово-паркинг“ потпиша меморандум со „Паркинзи“
Јавното претпријатије „Куманово-паркинг“ денеска потпиша меморандум за соработка со јавното претпријатије „Паркинзи“ од општина Центар.

Во иднина соработката ќе биде во насока на организирање на заеднички настани, промовирање на заеднички активности, организирање обуки, размена на податоци и искуства за тековното работење, проширување на соработката со други институции и друго.
Почнавме соработка пред две години, заедно одиме на обуки, семинари и со денешниот меморандум ставаме круна на сета таа соработка. Денеска го потпишуваме овој меморандум за соработка меѓу двете претпријатија, што ми дава надеж дека соработката освен со општина Центар ќе продолжи и со други општини на ниво на држава. На нас ни е планот да формираме здружение на паркинзи - рече Фадиљ Шабани, директор на „Куманово-паркинг“.
Тој вели дека ќе соработуваат и со претпријатија од Тетово, Гостивар, Охрид, Битола, Струмица и други.
Како први луѓе на двете претпријатија потпишавме меморандум за соработка, преку кој ќе разменуваме искуства, ќе ја продлабочиме соработката како да ја подобриме соработката односно начинот на функционирање, бидејќи како што кажав се занимаваме со истата проблематика, околу организирањето на паркирањето во општина Центар и општина Куманово. Ова е еден од првите чекори преку кој планираме да преземеме неколку активности. Во наредниот период ќе заземеме и некои наши ставови, како да успееме да ги подобриме условите за паркирање во сите општини во цела Македонија - вели Саша Богдановиќ, директор на „Паркинзи“ од општина Центар.
Тие ќе се залагаат за унифицирање на сите законски акти кои ја регулираат оваа дејност.