×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Куманово план” ќе соработува со врвни стручњаци при изработка на новиот ГУП

    14.02.2020 14:25 | KumanovoNews

    ЈП “Куманово план”  ќе користи искуства на врвните стручњаци и професори од областа на урбанистичкото планирање при изработката на новиот Генерален урбанистички план(ГУП) на Куманово.

    „Куманово план” ќе соработува со врвни стручњаци при изработка на новиот ГУП

    По тој повод денеска беше потпишан договор за соработка со Факултетот за архитектура и дизајн, Градежниот факултет и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), заради соработка во областа на урбанизмот, архитектурата, градежништвото и заштита на културното наследство.

    Градоначалникот Максим Димитриевски смета дека со овој договор ќе се постигне успешна соработка во која ќе се спои науката и искуството, кои ќе можат да се имплементираат во новиот ГУП на Куманово, кој е во подготовка.

    - Знаете дека сме во постапка и на изготвување на новиот ГУП. Советот таа обврска ја додели на ЈП „Куманово план“, коешто секако ќе користи надворешни извори и помош и ресурси за да може да го комплетира овој целосен проект. Куманово веќе подолг временски период има ГУП којшто е времено екстензиран и е вон сила. На Куманово му е потребно како град да се шири вон границите на својот плански опфат, бидејќи сметам дека сме загушени во еден мал простор на голема градба којашто ја имаме од различен карактер, за да ја прилагодиме на секојдневните услови, воедно да направиме и нова сообраќајна студија и сите стратешки документи коишто се потребни за да се направи едно подолгорочно планирање во градот,- изјави Димитриевски.

    Директорот на ИЗИИС Влатко Шешов, смета дека со оваа спогодба Куманово е лидер во нашата држава и овој пример треба да го следат и другите единици на локалната самоуправа.

    - Сметам дека сме недоволно искористени од страна на нашите институции каде што можеме да дадеме квалитетен допринос. Вообичаено не викаат на крајот кога треба да дадеме критика. Мислам дека ова ќе биде добра пракса каде што уште во почетокот на изготвување на планската документација ние со наши сугестии ќе придонесеме за таа архитектонска и градежна документација да биде на високо ниво, - изјави Шешов.

    И деканите на Градежниот и Архитектонскиот факултет, Златко Србиноски и Огнен Марина, се согласни дека четирипартитниот договор ќе биде од огромно значење, заради создавање на подобри услови за урбанистичко планирање на Општина Куманово.