Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Куманово денеска и утре ќе биде во портокалова фаза, а температурите ќе се искачат до 36 Целзиусови степени.
Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека и во наредните денови ќе се задржи топлото време, а најтопол ден ќе биде сабота.
Во сабота при крајот на денот или во вечерните часови ќе има наоблачување. Во недела ќе има појава на ветер и повремени дождови, додека во делот кон Крива Паланка можна е појава на грмежи. Намалување на температурите за 6 степени ќе има во понеделник, исто и во вторник ќе се задржат тие пониски дневни температури - вели Борис Секирарски, дежурен синоптичар во УХМР.
Во меѓувреме додека трае топлотниот бран треба да се почитуваат препораките за заштита од Министерството за здравство.