×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Куманово за зимско одржување на улиците и патиштата ќе потроши 10.4 милиони денари

    03.12.2020 09:58 | KumanovoNews

    Фирмата „КООП Инжинеринг“ од Куманово го доби тендерот за зимско одржување на улиците и патишата во градот, вреден 10 милиони и 400 илјади денари.

    Куманово за зимско одржување на улиците и патиштата ќе потроши 10.4 милиони денари

    Од Општина Куманово велат дека се спремни за зимското одржување на градот. Оваа година за разлика од минатата, нема да има поставено пунктови, туку ќе се интервенира по добиен повик.

    Момчило Јовановски, помошник раководител во секторот за урбанизам, вели дека нема да ги изненади снегот, бидејќи навремено е спроведена постапката и е одредена фирмата којашто ќе ги одржува улиците и патиштата во Куманово.  

    „Фирмата „КООП Инжинеринг“ од Куманово го доби тендерот за зимско одржување. Договорот е во вредност од 10 милиони и 400 илјади и за двете зони, западна и источна. Неговата исплата ќе биде зависно од интервенцијата. Ние во тендерска постапка имаме предвидено фирмата да има 60 тона индустриска сол од почеток и ризла, а зависно од потребата, фирмата ќе треба да набави дополнителна количина. Најчесто се троши од 500 до 600 тони, зависно од сезоната“, додава Јовановски.

    Во прв приоритет спаѓаат улиците во централното градско подрачје и булеварите, критичните точки до пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот до стопанските објекти. Оние што се надвор од централното градско подрачје и на периферијата на градот се од втор приоритет.

    За чистењето на регионалните и магистралните  патишта ќе биде задолжено ЈП за државни патишта „Македонија Пат“. Додека пак за чистењето на тротоарите во градот ќе биде ангажирано ЈП „Чистота и зеленило“.

    Фирмата „КООП Инжинеринг“  последните години е задолжена за зимско одржување на улиците во Куманово.

    (Ф.М.)