Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Мерната станицата за приклучок на гасоводната мрежата на ЈП „Кумановогас“ ќе стигне до крајот на наредниот месец или најдоцна до 15 октомври.
Одговорните лица во ГАМА, кои две години пролонгираат да отпочне дистрибуцијата на гас во градо, дале ветување дека ќе ја постават до почетокот на грејната сезона.
Со поставување на оваа станица ќе се приклучи нашиот гасен систем, кој е испитан и спремен за приклучување. Се надевам дека конечно ќе почне употребата на гасот и проширувањето на нашата мрежа до нови потрошувачи-вели Момчило Мирчевски директор на ЈП„Кумановогас“.
Екипите на ЈП „Кумановогас“ моментно работат на приклучок во гимназијата „Гоце Делчев“, училиштата „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“ и поранешниот Пионерски дом.
Во нашиот систем ги имаме приклучено позначајните и поголемите потрошувачи во Куманово. Досега се опфатени осум училишта, градинките, Поштата, Полицијата, Општината, Судот со што нашите активности за поврзување на поголемите потрошувачи ќе ги привршиме во овој период - вели директорот.
Потоа ќе се продолжи со поврзување и на помалите потрошувачи како што се стамбените единици, приватните домаќинства и куќите.