Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 200 луѓе од градот, државата и соседството секојдневно се капат во лековитата вода на Кумановска бања во селото Проевце. Геотернмалната вода благотворно влијае на нервниот систем и органите за за варење, а лекува и други болести.
И покрај тоа што целиот комплекс се наоѓа во очајна состојба, нема хотел, продавници, парк, ниту редовен градскиот превоз, луѓето тука доаѓаат од мака.
Одев и во 1963 година, но тогаш имаше превоз, автобуси одеа на половина час па си седевме во паркот додека да направиме по две бањи. Кумановска бања ја посетувам оти е многу здрава за нервите, малаксаноста се губи и се чувствувам подобро. Бањата ми ја препорача лекар, кој тврди дека оваа вода е многу лековита- велат посетителите на бањата.
Кумановци велат дека бањи прават и здрави луѓе оти водата релаксира освежува и подмладува.
Од годинава жителите на Проевце нудат приватно сместување во нивните куќи по 150 денари за ноќевање. Инаку Кумановска бања е отворена само во летните месеци. Експертите многу одамна констатирале дека таа може да се користи во текот на целата година. Водата ја препорачуваат и за стоматолошки проблеми поради присуството на флуор. Но, наместо да се направи туристичко-бањски центар по примерот во соседството, откако се приваризираше земјиштето околу бањата таа целосно се запусти.