Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Докторка Елизабета Спасиќ, специјалист офталмолог, трет месец по ред се вбројува меѓу највредните лекари на ниво на државата.
Ова признание не задолжува. Јас не знам како оди бодувањето, но важно е дека ние не ги враќаме пациентите, сите кои ќе дојдат се прегледани. Дневно прегледуваме од 35 до 40 пациенти. Сите го прифатија плаќањето по учинок, докторите си работат исто како претходно. Мислам дека и порано немало неработници - изјави Спасиќ.
На листата на Министерството за здравство меѓу 100 - те наградени специјалисти од Општа болница Куманово, се наоѓа и доктор Николче Арсовски од одделението за рентген. Најдобрите лекари ќе добијат плата плус.