Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Маската „Свемирски брод“, која ја изработија учениците од од средните училишта „Гоце Делчев“, „Перо Наков“ и „Наце Буѓони“ освоија стимулативна награда од категорија “В“ група од 20 до 30 учесника на годинешниот Струмичкиот карневал. Наградата е парична и ќе се икористи за подготовка на костимите за наредната година.
„Од секое училиште имаше по десетина деца и наградата е на сите нив за маската „Свемирски брод“. Најзначајно е што децата заеднички смислуваат, самостојно ги изработуваат маските, костимите и кореографијата, и редовно се дружат и убаво се забавуваат на фестивалот“, изјави Марија Тодоровска, директорка на Кумановската гимназија.
Подготовките се под надзор на група професори од трите училишта, до конечната верзија се доаѓа од повеќе предложени идеи, се одбира онаа за која се смета дека ќе е најинтересна за публиката, но и практично податлива за реализација. Со години наназад кумановските средношколци заеднички настапуваат на овој карневал.
„Процесот на изработка на маските и уигрување на кореографијата за настапот одзима најмногу време. Но, тоа е и најинтересниот дел. Секако возбудата е најголема на денот кога сето тоа треба да се претстави пред жири-комисијата и публиката“, објаснува Тодоровска.
Годинава главното дефиле на Струмичкиот карневал се одржа на 25 февруари и на него настапија 41 групи, средни и основни училишта, здруженија и фолклорни друштва. Карневалот е се популарен и оваа година на него настапија и групи од Србија, Бугарија, Црна Гора, БиХ, Хрватска и од повеќе градови од Македонија.
Повеќе видеа од Струмичкиот карневал на овој линк.