Кумановската полиција контролира 6 лица во домашна изолација
СВР Куманово обезбедува шест лица, поради тоа што биле во контакт или во близина со луѓе болни од корона, кажа на прес-конференција пред МВР министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Двајца од шестмината се на територија на СВР Скопје, поради местото за престој.
- Во делот на СВР Битола се обезбедуваат 13 лица по мерка здравствен надзор, СВР Тетово - обезбедува 16 лица, а забележано едно прекршување и за истото е запознато ОЈО Тетово и се работи на расчитување на случајот. Во СВР Охрид 82 лица се под мерка здравствен надзор и домашна изолација, СВР Струмица обезбедува 12 лица кои се под мерка здравствен надзор, има едно прекршување на забраната од страна на лице - за што мерки презема крим полиција при СВР Струмица. Во рамки на СВР Велес се обезбедуваат две лица кои се под мерка
здравствен надзор и домашна изолација, додека СВР Куманово обезбедува шест лица кои се под мерка здравствен надзор и надворешна изолација, од кои, пак, поради местото на престој две лица се на територија на СВР Скопје,- соопшти минстерот Чулев.
Полицијата во моментов обезбедува вкупно 310 граѓани во целата држава.