Кумановски акцијаши на работна акција во Краљево
01.07.2016 09:17
| KumanovoNews
Кумановски акцијаши од 24 јули до 7 август ќе учествуваат на работна акција во Краљево, Р Србија.
Поради тоа од понеделник започнуваат со формирање на младинска работна бригада која ќе замина на акцијата.
Би ги повикале сите млади и граѓани на Кумановокои сакат да учествуваат на ова акција најдоцна до 10 јули да се пријават на наша е-маил адреса [email protected].Покрај нашите членови сакаме да им овозможиме и на остантите наши сограѓани да земат учество на ова акција,- сопштуваат од Кумановски акцијаши.
Покрај од Србија и Македонија на акцијата во Краљево ќе учествуваат претсавници од Словенија и Босна и Херцеговина. За сите учесници е обезбедено сместување, храна, облека и превоз.

