×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • “Кумановски акцијаши“ на собир со колегите во Бела Црква

    16.10.2015 13:38 | KumanovoNews

    Здружението за доброволна волонтерска работа “Кумановски акцијаши“ месецов  учествуваше на меѓународната средба на ветерани учесници на младинските работни акции во Бела Црква, Србија.

    “Кумановски акцијаши“ на собир со колегите во Бела Црква

    На средбата учествуваа претставници на 22 здруженија од поранешните ју простори, при што не е исклучена можноста во иднина здруженијата да соработуваат. 

    “Токму како што се вели во една песна од Вардар па до Триглав, од Ѓердап па до Јадран. На собирот покрај дружењето се договараа средби и активности помеѓу здруженијата,  кои ќе бидат предмет на реализација во наредниот период, односно самите утврдивме динамика на реализација на тие средби. Од средбата во Бела Црква договорени се и конкретни чекори за средби со нашите соседи и тоа со Клубот на бригадири од Ниш како и од Смедерево“ - кажа Јусуф Љатифи, претседател на “Кумановски акцијаши“. 

    „Кумановски акцијаши“ е релативно младо здружение и целта на претставниците им беше да воспостават контакт со колегите од другите држави.