Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во општината Благоевград, Бугарија, на 4 и 5 јули годинава се оддржа Трансграничен форум во рамки на проектот “Социјална кохезија преку инвестиции во човечки ресурси” што го спроведува “Фондација за развој на мали и средни претпријатија Куманово” во партнерство со Здружението “Алианс за регионални и граѓански иницијативи (АРГИ)” од Благоевград.
На Форумот учествуваа по двесетина претставници од двата региони и тоа: стопанственици, претставници од невладиниот сектор и државните и јавни институции и проектни тимови од двете држави.
Целта на Трансграничниот форум беше да се разменат искуства на претставниците од пограничните градови и да се иницираат чекори за економскиот развој на регионот. Истовремено беа предложени и мерки за подобрување на мобилноста на работната сила во регионот, да се инвестира во развој на човечки ресурси и реализација на иницијативи за континуирано образование и едукација која ќе ја намали невработеноста во регионот.Всушност Транграничниот форум допринесе да се воспостави мрежа за соработка помеѓу образовните институции, посредници при вработување, МСП секторот, работодавачите и браншовите организации. - вели Димитар Тасевски, координатор на проектот.
На првиот ден од Трансграничниот форум беа претставени резултати од досегашните проектни активности, со посебен осврт на реализираната 10 дневната мотивациона обука во Куманово и Благоевград, и реализираните професионални обуки за квалификација на 32 невработени лица во сектори, “Производство на обувки”, “Производство на леб и бели пецива”, и “Производство на текстилни производи”.Беше иницирана и интерактивна дискусија помеѓу учесниците заради подобро запознавање и размена на знаења и искуства.
На вториот ден од Форумот се одржа Трудова берза, чија цел беше на иста маса да седнат стопанствениците од Р. Бугарија кои маат потреба од работници и невработени лица кои бараат работа, а поминале низ мотивациона обука или низ процес на професионална обука во рамки на проектот.
Интересно беше да се види како околу 40 невработените лица седнаа спроти потенцијалниот работодавач и директно аплицираат за слободни работни места кои ги нуди компанијата.Трудовата берза беше едно големо искуство за стопанствениците од Македонија кои видоа како се комуницира со обучени навработени лица и како можат да се најдат способни работници за работа во нивните фирми. Сите беа задоволни од начинот на кој се спроведе Трудовата берза, ефектите и бенефитот допрва ќе следуваат. - додава Тасевски.
Организирање на Трансграничен Форум и Трудова берза во градот Благоевград се завршните активности на проектот “Социјална кохезија преку инвестиции во човечки ресурси”.