Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Бели мугри“ во Кочани, утре во 12.30 часот ќе биде отворена изложбатa “Кумановски графичари 2013“.
Се работи за биенален проект којшто има за цел да го претстави актуелното графичко творештво на кумановските академски графичaри. На изложбата ќе бидат изложени делата на: Зоран Јакимовски, Магда Величковска, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Тоневска, Валентина Илијевска и Симона Јaкимовска. Координатор и носител на проектот е Центар за култура “Трајко Прокопиев“ од Куманово, а проектот е поддржан и од Министерството за култура.
Изложбата беше прикажувана во Куманово и Кратово, а во Кочани истата ќе трае до 15 март.