×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски лекари се усовршуваат во странство

    25.07.2012 07:28 | KumanovoNews

     Лекари специјалисти од Општа болница Куманово се почесто посетуваат обуки во странство. Министерството за здравство веќе одобрило тројца лекари на есен да заминат на професионално усовршување во Турција.

    Кумановски лекари се усовршуваат во странство

    Една лекарка од одделение за гинекологија и началничката на рентген  ќе одат во Истанбул. На почетокот на овој месец една докторка беше на едукација за ехо на срце. Кога некој сака да оди ние тоа го дозволуваме. Секоја година повеќе од лекарите одат на доедукација и тоа е од големо значење за нивната работа и за пациентите- вели Латиф Арифи, директор на Општа болница Куманово.

    Лекарите покрај вонредни секоја година имаат и задолжителни обуки. Во градовите каде има магнетна резонанца во болниците, обука за персоналот е неопходна. Лекарите објаснуваат дека за да се замине на обука надвор од државата треба да се исполнуваат одредени критериуми, да се има шест години специјалистички стаж и да се познава англиски јазик.

     Многу е важно да се оди на доедукација. Континуирано треба да се следи напредокот на медицината. Јас досега сум била на повеќе од десет обуки во странство. Бев во Австрија, во Салзбург два пати, во Љубљана, во Анкара, Италија, Холандија и плус многу други обуки во Македонија. Во Аџибадем во Истанбул ќе се дообучуваме за лапароскопија - вели Лидија Јовчевска Ивановска, специјалист по гинекологија.

    Останува само да се допрецизира од страна на Министерството за здравство кога лекарите ќе заминат на обука во Турција.