×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски лекари заминуваат во странство

    04.06.2014 07:43 | KumanovoNews

    Најмалку тринаесет лекари од Здружение на матични лекари Куманово, лани заминале да работат во странство, а уште десетина планираат да ја напуштат земјата.

    Кумановски лекари заминуваат во странство

    Лекарите најчесто заминуваат во Германија, Словенија или Америка каде ќе имаат подобри услови за работа и неколкукратно повисоки плати.

    - Се работи за специјалисти, интернисти и општи лекари. Само од Куманово се неколку, а на ниво на Македонија сигурно се 50 и повеќе лекари. Голем број лекари од Куманово се запишани  на курсеви за германски јазик и сакаат да си заминат поради ниските плати и честите контроли. Овде не гледаат перспектива, а оние што студираат немаат намера да конкурираат бидејќи платите се мали. Полицаец со средно школо зема 28.000 денари плата, а  лекар треба да работи за 23.000 денари - вели Фатмир Асани, претседател на Здружение на матични лекари Куманово.

    Асани потенцира дека македонските лекари се професионалци и затоа им се отвараат можности за вработување во Шведска, Австрија, Швајцарија, Дубаи и други држави.