Кумановски планинари ќе се искачуваат на Матка
14.12.2013 10:17
| KumanovoNews
Утре кумановските планинари ќе се вклучат на искачувањето на Матка со што ќе се одбележи 11 декември - Светскиот ден на планината.

35 членови на планинарското друштво “Козјак 2013“ ќе учествуваат на планинарската тура Водно - Матка. Настанот го организира Федерација на планинарски спортови на Македонија со цел да се потенцира важноста на планината и планинарењето.