Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од сите средни училишта со заедничка маска насловена како “Лазарици“ ќе се претставата утревечер на Струмичкиот карневал.
Утре ќе заминат за Струмица и се враќаат во недела попладне. Специфично за маската е што сите 50 се ученички. Со нив работеа неколку професори во подготовка на маската и тие исто ќе одат во Струмица. Ние и досега сме учествувале на карневалот, а лани добивме и награда - вели Момчило Антевски, директор на СОУ “Перо Наков“.
Последниве три години кумановските средношколци учествуваат на Струмички карневал со групна маска. Тие се сместуваат во струмички семејства кај ученици на нивна возраст, а во мај обично струмичките ученици доаѓаат на маскембал во Куманово.
Директорите на училиштата велат дека ова за учениците е едно убаво искуство, дружење, а секоја година и изработените маски се се поквалитетни.