×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановски вина на светски пазар

    09.03.2012 14:28 | KumanovoNews

     Кумановската винарија „Премиум„, на Саемот за вино и туризам во Белград, доби две сребрени медали за сортни вина.

    Кумановски вина на светски пазар

     Македонските вина Мерло и Кабeрнет победиле во остра конкуренција на вина од Хрватска, Србија, Словенија, Италија и Франција.

    Саемот имаше натпреварувачки карактер, а ние учествуваме со две вина: Мерло и Кабаенет од реколтата од 2010 година. За двете вина добивме сребрени медали, но за виното Мерло за еден поен ни избега златниот медал, по бројот на освоените поени од жирито. Овие награди се сатисвакција за понатаму, потврда за нашиот квалитет, доказ дека нашиот труд дава резултати. Ова само покажува дека кумановското виногорје и кумановските вина можат да се натпреваруваат со светските вина- вели Андре Петровски, сопственик на винаријата „Премиум„.

    Кумановскиот регион е познат по квалитетно произвотство на грозје. Климатските промени во последниве години, допринесуваат да се постигнат температури што порано биле карактеристични само за тиквешкиот регион и во јужните делови на Македонија.

    Се менува климата, а со тоа се подобруват климатските услови за Куманово. Работиме со големите стопанства во Клечовце и Градиште. Тоа се контролирани берби, со пробрано грозје, контролиран начин на преработка на виното, и тука нема промашување - вели Петровски.  

    Вината на „Премиум„ се извезуваа на српскиот, хрватскиот и данскиот пазар, како препознатлив бренд на флаширано вино. Добиените награди и признанија им отвораат нови можности, и веќе се во преговори за пласман на американскиот пазар. Бележат годишен раст од 30 до 40 проценти, па за 5 години откако постојат, од 50 илјади литри достигнале производство до 300 илјади литри на годишно ниво.