×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот музеј мапира нови археолошки локалитети во регионот 

    16.10.2024 08:16 | Оливера Пешевска

    Екипа од Кумановскиот музеј, од средината на септември работи на рекогносцирање, односно мапирање на археолошки локалитети во Кумановскиот регион.

    Кумановскиот музеј мапира нови археолошки локалитети во регионот 

    Активностите се дел од проектот „Теренска евиденција во функција на заштита на локалитетите во Кумановско“, кои се насочени кон откривање на нови места и локации, кои треба да се најдат во новата археолошка карта на Македонија.

    „Се работи за површинско истражување на теренот, без негово ископување, само визуелна перцепција на теренот, препознавање на релјеф. Користиме компас, мобилни апликации, а ангажираме и локални водичи. Се ориентираме по записите од археолошката карта на Република Македонија од 1996 г. Станува збор за топографски, најчесто воени карти, како и етногеографски записи на Јован Хаџи-Васиљевиќ и Јован Трифуновски. Се водиме по нив и се надеваме дека ќе дојдеме до информации за нови локалитети, кои досега не бил регистрирани, не се познати на јавноста, ниту пак се истражувани“, објаснува раководителот на проектот археологот Мирослав Петковски.

    Истражувањата ги опфаќаат селата  Режановце, Речица, Четирце, Табановце, Сушево, Сопот, Карабичане, Горно Којнаре,Бедиње и Долно Којнаре, кои се дел од Општина Куманово, како и Никуљане во Општина Старо Нагоричане. 

    По завршување на теренскиот дел од работата, тимот има обврска во наредните три месеци да ги сумираат податоците и да поднесе извештај до Управата за заштита на културното наследство, Министерството за култура и до Националниот конзерваторски центар – Скопје.

    Целта на нивните истражувања е новите податоци да влезат во следното издание на археолошката карта на Македонија, бидејќи последната е издадена во 1996 година, а во неа се наоѓаат податоци од истражувања направени во периодот од 1970 до 1990 година.

    Проектот „Теренска евиденција во функција на заштита на локалитетите во кумановско по долината на реката Пчиња и нејзината околина“ започнал во 2018 година. Првите истражувања биле сконцентрирани на областите по течението на реката Пчиња и притоките Петрошница и Бистрица, во општина Старо Нагоричане. Тогаш биле откриени нови локалитети недоволно познати на археолошката јавност. 

    Тимот кој работи на проектот го сочинуваат тројца археолози: Мирослав Петковски, Дејан Ѓорѓиевски и Фросина Лазаревска, како и Мартин Наковски, етнолог и Столе Петковски, фотограф од НУ Музеј-Куманово. 

    Проектот е поддржан од Министерството за култура со 30 илјади денари.