×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановскиот театар вработува четворица актери

    14.01.2020 17:30 | KumanovoNews

     Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ се екипира со професионален кадар. Нови четворица актери ќе се вработат во Театар Куманово.

    Кумановскиот театар вработува четворица актери

    На огласот кој трае до петок веќе се пријавиле 18 кандидати од Куманово, но има и од другите градови во Македонија.

    - Навистина сме среќни, бидејќи има толку многу апликанти. Огласот трае до петок, така што ги повикуваме сите млади невработени актери кои сакаат да се пријава да дојдат во просториите на Центарот за култура. За нивниот избор ќе има аудиција на која ќе одлучува комисија, од внатрешни и надворешни членови која ќе ги направи сите подготовки. Аудицијата ќе биде закажана наредната недела на 26 јануари (недела), но за тоа сите апликанти ќе бидат и дополнително известени,- изјави Сашо Тодоровски, директорот на Центрот за култура „Трајко Прокопиев, на денешната прес-конференција.

    Кандидатите треба да имаат завршено Факултет за драмска уметности, седми степен со најмалку 240 кредити, без работно искуство. Основната плата ќе изнесува 27.400 денари, а вработувањето ќе биде на определено време за 5 години.

    Со овој конкурс предвидени се тројца актери за македонската драма и еден за албанската.

    Тодоровски додава дека имаат поднесено барање до Министерството за финансиии за уште четири вработувања, за кои се надева дека во месец мај и јуни ќе бидат одобрени.

    Во Театар Куманово во моментот има вкупно 21 вработен актер, од кои 13 се актери во македонска драма, а останатите 8 се дел од албанската драма