×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските бајкери кумови на годинешнава прослава на Бадник

    04.01.2020 12:15 | KumanovoNews

    Здружението на граѓани „Коледари“ и оваа година по 21. пат традиционално ќе ја организира прославата на Бадник, со која ќе се најави Христовото раѓање. Годинава кумови на Бадник ќе бидат членовите на мото-клубот „Мечки“.

    Кумановските бајкери кумови на годинешнава прослава на Бадник

    „ Нашите сограѓани и познати хуманитарци изразија желба да ја поддржат традицијата и ме радува фактот што овие млади луѓе ги почитуваат нашите православни обичаи. Манифестацијата ќе започне во понеделник во 10.30 часот во т.н Касапски круг во Куманово, каде ќе пристигнат кумовите, а поворката потоа ќе се упати до црквата „Свети Никола“. Околу 11.30 часот ќе биде осветен и поделен колачот, а од 12 до 12.30 ќе дојдеме на плоштадот кај Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, каде ќе се поделат бадникови гранчиња, овошје, чај и греана ракија. Сето тоа проследено со музика и оро, за да се почувствува празничното расположение пред овој голем празник“, вели Мирослав Доневски, претседателот на здужението „Коледари“.

     Доневски вели дека граѓаните веќе имаат навика да доаѓаат на прославата, но уште еднаш јавно ги повика помасовно да излезат за да заедно го прослават Христовото раѓање.