Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бранителите од здружението “2001 Куманово“ во недела ќе учествуваат на хуманитарен турнир во мал фудбал во село Љубанци, организиран од локалните бранители и под покровителство на Јохан Тарчуловски.
Турнирот е традиционален и секоја година е со различна цел. Средствата собрани од овогодинешниот турнир ќе бидат наменети за децата на загинатите бранители. Овие деца не се заборавени, тоа го актуелизираме, се буди свеста кај македонскиот народ. Ние се пријавивме за учество и ги повикуваме сите бранители да дојдат во публика и да придонесат за поголема посетеност на турнирот - рече Предраг Петрушевски, претседател на “2001 Куманово“.
Тој додава дека бранителите се повеќе се вклучуваат во хумани активности и даваат свој придонес на крводарителските акции.