Кумановските фармери на саем во Битола
29.04.2014 07:08
| KumanovoNews
Педесетина фармери од кумановско утре ќе одат на презентација на земјоделската механизација и трактори во Битола.

- Тракторите и приклучните машини ќе бидат изложени во дворот на земјоделското училиште во Битола. Фармерите ќе ги видат новите типови на трактори и механизација, и тоа ќе им помогне при евентуална набавка. На презентацијата ќе присуствува и чешкиот амбасадор - вели Стојко Ивановски, секретар на Здружение на земјоделски производители Куманово.
Презентацијата ја организира компанијата “Хемометал“ од Битола.