Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските специјалисти, кои штрајкуваа за да се укине плаќањето по учинок, велат дека штрајкот е во мирување, но нивните барања не се исполнeти.
Тие објаснуваат дека лекарите кои деновиве постигнаа компромис со министерот за здравство Никола Тодоров се од гранковиот, а не од самостојниот клинички синдикат.
Барањето за квартално зголемување на плаќањето по учинок за 19 одсто е барање на гранковиот синдикат.Во март ќе добијат 4,8 отсто, а тоа се 500 денари. Тоа е само замајување на јавноста. Тие услови за нас мислам дека нема да важат. Од нашиот штрајк нема никаков исход, немаме никаква повратна информација. Засега работиме најнормално, а напролет ако не одговорат надлежните на нашите барања ќе се активираме пак. Сега нема услови за такво нешто, бидејќи ќе има избори - вели Билјана Анастасовска, претседател на кумановскиот штрајкувачки одбор.
Две третини од кумановските специјалисти штрајкуваа од 14 ноември до 26 декември лани.