×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските матуранти играа квадрил на разглас

    17.05.2013 12:03 | KumanovoNews

    Кумановските матуранти денеска напладне наместо да играат на музика што се емитува на Македонското радио, танцуваа на музика пуштена на ЦД.


    Кумановските матуранти играа квадрил на разглас

    На Матурската парада на Градскиот плоштад денеска танцуваа околу 300 матуранти на музика од Јохан Штраус.

    Парадата ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски, кој на матурантите им посака успех во понатамошното образование.

    На вас кои денеска симболично станувате рамноправни членови на нашето општество, ова е симболика на полнолетство, на една зрелост, ви посакувам се најдобро, многу здравје и успех во понатамошната ваша едукативна кариера. Да продолжите да се едуцирате и да бидете столбови во градењето на Република Македонија, пред се на Куманово. Куманово е дел од таа голема слика која денеска се бори за Гинисов рекорд - изјави Дамјановски.

    За матурантите ова е посебен начин на кој го одбележуваат завршувањето на средното образование.

     Се подготвувавме една недела. Почнавме доцна со пробите, но бргу се усовршивме. Ова е навистина доживување, бидејќи сите матуранти играат како нас во исто време и се забавуваат - вели Дијана Благојевска, матурант во “Наце Буѓони“.

    Настанот го организираше Секторот за спорт и култура при Општина Куманово, но направи еден пропуст.

    Кумановските матуранти наместо да играат на музика што се емитуваше на Македонското радио, тие танцуваа  квадрил пуштен на ЦД преку разглас. Луѓето кои беа задолжени да ја вклучат радио станицата, преку која директно се пренесуваше манифестацијата за сите градови учесници во регионот, не успејаа да го сторат тоа, па пуштија музика на ЦД.

    И покрај сиот труд што го вложија матурантите да бидат дел од големата парада, тие не ја почувствуваа магијата на манифестацијата. Не слушнаа кога е прочитано Куманово како град учесник, ниту поздравот од  водителите упатен до кумановските матуранти, немаше одбројување пред почнувањето на танцот, едноставно ја немаше таа еуфорија и енергија што требаше да се создаде во тој момент. Матурантите играа сами, како на генерална проба. - вели разочарана посетителка.

    Неофицијално дознаваме дека причина што не се вклучиле на радио фрекфенцијата бил стар касетофон, кој не го фатил сигналот на Македонско радио.