×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kумановските пожарникари го одбележуваат 20 Мај, апелираат до граѓаните да ја користат алатката „Пријави пожар“

    20.05.2025 11:28 | Оливера Пешевска

    Територијалната противпожарна единица Куманово (ТППЕ Куманово) ќе го одбележи 20 Мај, Денот на пожарникарите. Во своите простории ги извршуваат секојдневните обврски за одржување на опремата, возилата и објектот.

     

    Kумановските пожарникари го одбележуваат 20 Мај, апелираат до граѓаните да ја користат алатката „Пријави пожар“

    Од почетокот на годината имале вкупно 170 интервенции- работеле на гаснење на 51 објекти, имале 100 интеревнции на отворен простор, реагирале на гаснење на 9 патнички моторни возила и имале 10 технички интервенции.

    „Нема отстапувања во статистиката по број на извршени интервенции на терен, во споредба со претходните години. Дождот и релативно ниските темератури допринесоа да немаме голем број на јавувања, па здивнавме периодов. Полека влегуваме во ризичната сезона, ќе видиме што ќе донесе летото, но ние секогаш се надеваме дека нема да има или што помалку ќе има потреба да реагираме“, истакна Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.

    Тој апелираше до сограѓаните да ја инсталираат апликацијата „Пријави пожар“, со чија помош можат да пријават доколку некаде забележат опожарување, или сомнителен чад. Алатката е целосно функционална, лесна за употреба и достапна за сите паметни телефони.

    „Апликацијата функционира беспрекорно, самата ве води кои чекори треба да ги поминете, од сликање на локацијата, оставање на податоци итн. За нас е од голема помош, од сликите можеме да видиме за колкав пожар се работи, точната локација, конфигурацијата на теренот. Така побрзо можеме да реагираме соодветно на ситуацијата“, објаснува Илиевски.

    Според пожарникарите, релативно добро се опремени со униформи, имаат нови грбни пумпи и возила за шумски пожари. Како и многу други ПП единици во државата, се соочува со стар и амортизиран возен парк. Најстарото возило во службата е од 1978 година.

    „Возилата се во добра состојба, но бараат чести поправки и одржување. Се снаоѓаме, но ова е системски проблем што го делиме со сите противпожарни единици во земјата“, посочува командирот Илиевски.

    Покрај интервенциите во Општина Куманово, ТППЕ Куманово ги покрива и интервенциите во Општина Липково, која нема сопствена единица. Соработката со ТППЕ Старо Нагоричане, пак, е оценета како извонредна, особено во случаите кога е потребна меѓусебна поддршка.