Кумановските средношколци на Струмичкиот карневал
18.02.2014 15:21
| KumanovoNews
Групната маска од средните кумановски училишта “Домино“ на 1 март ќе учествува на Струмичкиот карневал.

Ќе учествуваат 28 ученици од сите средни училишта во Куманово. Тие ќе бидат облечени во црно - бела комбинација, лицата ќе им бидат обоени со истите бои. Порака што сакаме да ја испратиме е да има љубов, да се сакаме, сложуваме, да има мир. Ќе се претставиме во ревијалниот дел - вели Марија Тодоровска, професор по музичко во Гимназија “Гоце Делчев“.
Учеството на учениците на Струмички карневал е поддржано од локалната самоуправа.