Кумановските студенти незаинтересирани за стипендии во странство?
30.08.2013 07:47
| KumanovoNews
Иако се објaвуваат конкурси за доделување стипендии за студии во странство, досега ниту еден студент од Куманово оваа можност не ја искористил.
Почнувајќи од академската 2010/2011 година, Министерството за образование и наука доделува стипендии за студирање на прв, втор и трет циклус на еден од првите 100, односно 200 од областа на техничките науки, рангирани Универзитети на ранг - листата на глобални универзитети за високо образование од Институтот за високо образование при Шангајскиот Џио Тонг Универзитет - изјави Давор Политов, портпарол во Министерство за образование.
Од оваа институција велат дека досега ниту еден студент од Куманово не аплицирал за стипендија од овој вид.

