×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановските земјоделци се информираа за ИПАРД

    18.12.2015 09:15 | KumanovoNews

    Земјоделците од кумановско синоќа се информираа за ИПАРД програмата, на предавање кое го организираа Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и Здружението на земјоделски производители.

    Кумановските земјоделци се информираа за ИПАРД

    Им беше објаснето како и кога можат да аплицираат за средства од ИПАРД програмата и кои услови треба да ги исполнуваат.

    Земјоделците кои сакаат да аплицираат за ИПАРД и на кои претпоставуваме дека единствен проблем при аплицирање им било обезбедување на висина на хиоптека која што ја бараат, сега Владата обезбеди 50 отсто од гарантниот фонд да го користат земјоделците. Да ги субвенционира од целокупната сума - изјави Жарко Милошевски од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Повикот за ИПАРД 2 се очекува да биде објавен во втората половина на 2016 година. Дел од земјоделците планираат да аплицираат.

    Со оваа програма сум запознаен откако излезе, но не можевме да аплицираме затоа што нашите земјоделци се многу сиромашни и немаат средства за да платат и да купат машини. По неколку месеци ќе им се вратат 50 отсто, но во старт сме сиромашни. Јас сум инаку пчелар и имаме намера да аплицираме за опрема, за преработка на мед, за набавување на кошници - рече Зоран Станковски, пчелар.

    На предавањето беа присутни триесетина земјоделци од кумановско кои се занимаваат со одгледување на добиток, пчели, обработка на земја и слично.