Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановско-осоговската епархија неодамна обезбеди превод и издаде две книги со верска содржина.
Се работи за книгите “Азбука на православниот живот“ од свештеник Димитриј Каплун и „Подвигот во нашиот живот“ од свештеник Исаак Сирин. Овие книги претставуваат добро четиво за оформување на црковна христијанска свест и духовност.
“Книгите можат да се најдат во малите продавници во дворот на црквите, каде што се продаваат сувенири. Се продаваат по симболична цена и се напишани на едноставен јазик кој е лесно разбирлив за сите“ - кажа Игор Здравковски, лице за односи со јавност во Кумановско-осоговска епархија.
Во меѓувреме во подготовка се уште неколку наслови.