Лажни СМС пораки се испраќаат до граѓаните, МВР апелира да не се отвораат линковите
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека е забележан зголемен број случаи на испраќање на СМС пораки кои лажно се претставуваат во име на телекомуникациски оператори.

Овие пораки содржат линкови до лажно дизајнирани веб – страници со цел да ве наведат да внесете лични или финансиски податоци, кои потоа можат да бидат злоупотребени од страна на криминални групи.
Апелираме до сите граѓани да бидат крајно внимателни и да постапуваат одговорно:
• Не отворајте линкови од сомнителни испраќачи;
• Не внесувајте лични податоци на непроверени страници;
• Не одговарајте на вакви пораки;
• Пријавете го случајот во најблиската полициска станица;
• Блокирајте го бројот на испраќачот.
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи активно презема мерки и води постапки во врска со вакви измами, велат од МВР.