×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП донираше книги на Ученичкиот дом

    14.04.2015 11:08 | KumanovoNews

    Претставници на Форумот на жени на ЛДП Куманово, денеска донираа стотина книги на Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“.

    ЛДП донираше книги на Ученичкиот дом

    Се работи за книги од различни жанрови кои ќе им користат на учениците сместени во интернатот, а акцијата се организира по повод 18-от роденден на партијата.

    По повод 18 години од основање на ЛДП и нејзино опстојување на политичката сцена, општинската организација на ЛДП презема низа активности или таканаречена недела на активности по повод роденденот на партијата. Овие стотина книги Форумот на жени реши да ги подари на Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“ - изјави Ивица Костовски, секретар на ЛДП Куманово.

    Директорот на „Професор Мијалковиќ“, Есад Шаботиќ се заблагодари за донацијата со надеж дека во иднина ќе има повеќе вакви средби и соработки. Кажа дека библиотеката располага со 4000 книги, но новите наслови се добредојдени.

    Се надевам дека овие книги се дојдени на вистинско место. Ќе бидат тука како наше богатство и на секој наш ученик, ќе му биде достапна секоја книга која има интерес да ја прочита. Многу сум благодарен. Иако имаме 4000 книги, водиме сметка за лектири, за секоја измена. За жал немаме библиотекар, туку воспитувачите даваат книги од библиотеката - вели Шаботиќ.

    Директорот се надева дека во иднина ќе расте бројот на ученици сместени во домот, но и ќе се збогатува фондот на книги.