Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Либерално-демократската партија синоќа во Куманово одбележа 18 години постоење и успешно делување на политичката сцена во Македонија.
По тој повод на петнаесет ветерани им беа доделени благодарници и медали за нивниот придонес за партијата.
Беа доделени 15 награди и една постхумна плакета на Трајан Петровски - Жмара, кој е еден од основачите на ЛДП. Тој имаше членска карта 001. Сигурно дека уште има заслужни. Ова ќе прерасне во традиција, па и јас некоја година ќе добијам“- вели Зоран Павловски, претседател на општинската организација на ЛДП Куманово.
Лидерот на партијата, Горан Милевски објасни дека кумановската општинска организација е една од најбројните во државата.
“Секогаш може повеќе и подобро, затоа имаме и промени на централно ниво. Се надевам тој бран на подмладување на организациите ќе се зафати и во Куманово и едноставно ќе ја подобриме нивната работа, бидејќи секој човек се стреми да биде успешен“ - кажа Милевски.
Во чест на роденденот, членовите на ЛДП заедно со вработени од јавното претпријатије “Чистота и зеленило“ засадија 200 садници од населба Карпош до влезот на Куманово. Претходно цела недела активисти на ЛДП организираа различни активности во градот, за прослава на роденденот.