ЛДП одбележа 16 години постоење
20.05.2013 11:17
| KumanovoNews
Членови на ЛДП викендов одбележаа 16 години од постоење на партијата во присуство на претседателот Андреј Жерновски, градоначалникот Зоран Дамјановски и коалиционите партнери од Сојузот за иднината.

Во наредниот период ќе настојуваме да се направи скејт парк за младите на Кеј, а мора мора да се најде решение за проблемот со гробиштата во Ајдучка Чешма. Зачувување на фасадите на “Ленинова“ и во централното градско јадро и уште некои поситни проекти - изјави Зоран Павловски, претседател на ОО на ЛДП Куманово.
На прославата 22 граѓани добија членски книшки со што официјално пристапија во партијата.