Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод големиот јубилеј, 15 години од формирањето на ЛДП, раководството на општинската организација ги најави активностите што ќе ги преземат наредната недела.
На 19 април 1997 година се формираше ЛДП, откако се спојиа поренашната Либерална партија и Демократската партија. По тој повод, ќе преземеме низа активности за да го одбележиме јубилејот како што доликува. Активностите ги започнавме со засадување на дрвца на Спомен костурницата, а ќе продолжиме во вторник кога Форумот на жените ќе подели велигденски јајца, во среда на Градскиот кеј ќе бидат организирани повеќе спортски активност, во четврток крводарителска акција, во петок ќе делиме флаери на Граскиот плоштад, а во сабота ќе биде прослава на јубилејот со нашите членови и пријатели - вели Зоран Павловски,претседател на кумановското ЛДП.
Tој воедно на граѓаните им го честиташе големиот христијански празник Велигден.