×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЛДП со низа активности за 18-от роденден

    09.04.2015 11:56 | KumanovoNews

    Либерално-демократската партија на 19 април ќе наврши 18 години постоење, и по тој повод цела недела во Куманово ќе организира различни активности.

    ЛДП со низа активности за 18-от роденден

    Во вторник, Форумот на жени на ЛДП Куманово ќе донира 50 книги за библиотеката на Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“. Во среда во партиските простории на ЛДП во 18 часот ќе се одржи натпревар во шах и пикадо, на кој ќе учествуваат младите. Во четврток на одделот за трансфузија ќе има крводарителска акција од 11 до 14 часот.

    “Во петок со почеток во 19 часот во просториите на ЛДП од Куманово, ќе се формира клуб на ветерани од членови на ЛДП,  кои во изминативе години со своето ангажирање дале свој придонес за препознавање, ангажирање и одржување на ЛДП на политичката сцена во Република Македонија и општина Куманово. По тој повод претседателот на ЛДП на Република Македонија и актуелен пратеник, Горан Милевски ќе им подели признанија и благодарници. Истата вечер во 20 часот Милевски ќе се обрати со краток говор пред членовите и симпатизерите на ЛДП од Куманово, а потоа ќе има неформални средби и разговори со членовите на партијата“- изјави Ивица Костовски, секретар на ЛДП Куманово.

    Во сабота членовите на ЛДП ќе организираат еколошка акција, на која ќе засадат 18 дрвца во чест на 18-от роденден на партијата.