×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Легализирани 1000 дивоградби

    31.01.2012 11:34 | KumanovoNews

    Одделението за урбанизам и комунални дејности во Куманово има издадени 1000 решенија за утврдување на правниот стаус на бесправно изградените објекти.

    Легализирани 1000 дивоградби

    Ова е само пет проценти од вкупниот број на поднесени 19.500 барања.

    Не сме задоволни од досегашната бројка, бидејќи во најголем број случаи ни се доставени некомплетни барања. Најмногу недостасуваат елаборати, кои што согласно закон за легализација е потребно да ги изготват лиценцирани геодетски куќи, меѓутоа и временскиот рок од 6 години, кој што е даден им остава впечаток на граѓаните дека има време за изработка на елаборатите и не инсистираат да бидат побрзо. Но бројката на поднесени барања е голема и граѓаните треба да бидат поажурни за да можеме и ние навреме да ја завршиме работата- вели Лидија Ланг Спасовска раководителка на Одделението за урбанизам и комунални дејности во Општината Куманово.  

    Во состав на секторот формирани се 5 комисии кои секојдневно одат на терен и работата по барањата на граѓаните. Сепак ќе се легализираат само оние дивоградби што имаат комплетна документација и се во согласност со урбанистичка планска документација.