Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над 200 вработени во Општа болница Куманово се пријавиле за изучување на англиски и германски јазик, кое го обезбедува државата.
Списокот со заинтересирани е доставен до Министерството за здравство и многу скоро се очекува да почнат курсевите.
Има голем интерес од персоналот за изучување и на двата јазика. Од министерството чекаме одговор кога ќе почнеме. Ние имаме простории и во болница, може и тука да се држат часови. Министерството за здравство испраќаше лекари на специјализација во Истанбул, Софија, во Нови Сад, се очекува и за Словенија и Германија и затоа е потребно да се знае јазик. - вели Ариф Латифи, директор на Општа болница Куманово.
Медицинскиот персонал во некои градови од земјава веќе почна со курсеви за изучување на странски јазици.