Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лекарите учат германски и словенечки јазик за да заминат на работа во странство каде ќе имаат подобри услови за работа.
Претседателот на Здружение на матични лекари Куманово, Фатмир Асани вели дека досега еден кумановски интернист и еден хирург заминале во странство, а десетина млади лекари планираат да одат во западните земји.
Многу млади лекари учат германски јазик исто и студенти за одат таму, да живеат и работат во подобри услови. Од Куманово има десет луѓе што баш со таа намера учат германски јазик. Се надевам дека другите нема да ја напуштат државата бидејќи во 2018 година Македонија ќе остане без матични лекари, без примарна здравствена заштита, туку сите лекари ќе бидат во семејна медицина. Незадоволни се од условите овдека - вели Асани.
Тој смета дека со покачување на капитацијата, со укинување на казните кои за банални работи им се изрекуваат на лекарските ординации, со подобрување на условите за работа државата треба да ги одврати лекарите од намерата да заминат надвор.